EuroCC North Macedonia на 28миот Конгрес на Здружението на хемичари и технолози на Македонија
септември 27, 2026 2026-09-28 12:59EuroCC North Macedonia на 28миот Конгрес на Здружението на хемичари и технолози на Македонија
Изминатите денови, EuroCC North Macedonia – Националниот центар за компетенции HPC, HPDA и AI учествуваше на 28миот Конгрес на Здружението на хемичари и технолози на Македонија, кој се одржа од 23 до 26 септември во Хотел Метропол, Охрид
Во рамките на конгресот, на нашиот штанд имавме можност да се сретнеме со истражувачи, инженери и претставници од индустријата, да размениме идеи и да ги претставиме активностите, услугите и можностите што ги нуди EuroCC North Macedonia за поддршка на дигитализацијата, HPC (High-Performance Computing), HPDA и AI во науката и индустријата
Особено ни беше драго што имавме можност да разговараме со учесниците за нивните истражувачки и технолошки предизвици и да ги споделиме можностите за користење на современи HPC и AI технологии во различни области.
Благодарност до организаторите на конгресот за одличната организација и атмосфера, како и до сите учесници кои го посетија нашиот штанд, одвоија време за разговор и покажаа интерес за нашата работа!
Ви благодариме и се гледаме на некоја од следните средби!



