Три дена во Даблин, многу нови идеи, контакти и можности!
септември 25, 2026 2026-10-01 11:33Три дена во Даблин, многу нови идеи, контакти и можности!
Тимот на EuroCC North Macedonia – Национален центар за компетенции HPC, HPDA и AI учествуваше на User Days 2026 на EuroHPC Joint Undertaking (EuroHPC JU) – настан кој ги собра корисниците и професионалците од европскиот hashtag#HPC екосистем.
Во текот на настанот имавме можност да слушнеме искуства од проекти што користат европски HPC, AI и квантни компјутерски ресурси, да размениме знаења и да разговараме за новите можности кои ги отвора EuroHPC.
💡 За нас, најважно е што овие можности се достапни и за истражувачите, иноваторите и компаниите од Северна Македонија. Нашата улога е да помогнеме овие ресурси, знаења и можности да стигнат до нашата заедница.
Голема благодарност до тимот на EuroHPC JU и до сите со кои се сретнавме во Даблин. Се враќаме дома со нови идеи, контакти и многу што да споделиме!
📩 Ве интересира што EuroHPC може да понуди за вашето истражување или бизнис?
👉Контактирајте не на contact@hpc.mk!





