Политика на приватност

Политика на приватност

Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате оваа интернет страна и/или користите некоја од нашите услуги преку истата. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме целите на проектот EuroCC.  

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор на личните податоци е Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, со седиште на ул. Руѓер Бошковиќ 16, Скопје, Република Северна Македонија.

Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Офицер за заштита на лични податоци:

Владислав Бидиков
vladislav.bidikov@finki.ukim.mk

Чии податоци собираме

 Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:

  • Посетители на нашата интернет страна hpc.mk. Вообичаено собираме податоци за навигација (види подолу) кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб- страна како и за одржување на информациска сигурност на нашата веб страна. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја нашата политика  за користење на колачиња
  • Податоци за експерти, лица кои ќе бидат дел од каталогот за експерти во областите HPC, HPDA и AI – Лични податоци за експертите со цел правење на регистар на експерти кои сакаат да соработуваат во наведените области.
  • Податоци за компании заинтересирани за соработка во областите HPC, HPDA и AI, во рамките на проектот EuroCC – Податоци за правни лица кои покажуваат интерес за примена на наведените технологии и можна соработка во рамките на споменатиот проект

Категории на податоци кои се обработуваат

  1. Податоци за навигација

При посетата на нашата интернет страна серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:

  • Вашата интернет протокол (IP) адреса;
  • Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
  • Вашиот оперативен систем;
  • Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
  • Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
  • URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната HPC.mk;
  • Јазикот на пребарувачот кој го користите;
  • Држава (се одредува преку IP адресата).

Самостојно ги одржуваме серверите и сите активности на веб страната ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб- страна.

  1. Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат

Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб- страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за пријавување на експерти или за пријавување на правни лица.

Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: Име и Презиме, Контакт телефон и емаил, Образование, Експертиза за физички лица, како и Име на компанија, Број на вработени (како иницијална одредница за колкава компанија се работи), Име и презиме на лице за комуникација, Контакт телефон и емаил, Индустрија во која работи компанијата.

Како  ги собираме личните податоци

Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:

  • преку Вашето користење на оваа веб страна, вклучувајќи ги овде и формите за аплицирање;

Категориите на корисници на лични податоци

Активностите на обработка на лични податоци поврзани со активностите за реализација на проектот се извршуваат од страна на вработени во членките на конзорциумот (ФИНКИ, Инфините Солушнс и NewMans Business Accelerator) одговорни за овие активности или лицата задолжени за извршување на предметните активности.

Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:

  • По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа

Време на чување на собраните податоци

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени со рокови на чување на личните податоци на ФИНКИ. 

Кои се Вашите права?

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на приговор

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци.

Право на поднесување на барање до ФИНКИ  

Ако сметате дека начинот на кој ФИНКИ ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до ФИНКИ како надзорно тело, по која ќе се постапува на ист начин како и секое друго поднесено барање, согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.

Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.