Повик за изразување интерес за вклучување во проектот

Повик за изразување интерес за вклучување во проектот

 

Во рамки на компонентата наменета за воспоставување на соработка со индустријата и јавните институции, како дел од EuroCC проектот во Република Северна Македонија, отворен е повик за компаниите, академијата и јавните институции за изразување интерес за вклучување во проектот.

 

Со пополнување на следната форма можете да станете дел од EuroCC проектот чија основна цел е зголемување на свесноста и примената на HPC, HPDA и AI технологиите во работењето на различни ентитети од индустријата, академијата и јавната администрација.

Дел од придобивките кои ќе станат достапни за апликантите се:

  • Воведување на модернизација, скалабилност, раст, развој и отварање на нови бизнис можности за компаниите.
  • Бесплатна обука и трансфер на знаење за вработените одговорни за воспоставување и подобрување на ефикасноста на процесите и/или примена на алатки од  областите на HPC, HPDA и AI.
  • Бесплатна изработка на доказ на концепт и обука за примена на истиот за решавање на проблеми од областа на HPC, HPDA и AI.
  • Пристап до пресметковни капацитети за реализација на доказот на концепт и процесирањето и анализата на податоци со високи перформанси.
  • Можност за пристап до фондови за финансирање на решенија за постоечки и нови проблеми од областа на HPC, HPDA и AI за поддршка на растот и развојот на компаниите/организациите.

Повикот е отворен до 31.01.2022 година.

Повик за изразување интерес за вклучување во проектот
=