EuroCC

EuroCC

За  EuroHPC JU 

На 1-ви септември 2020 година започнаа два нови проекти EuroCC и Castiel чија основна цел е зајакнување на знаењата и можностите за HPC во Европа. Со финансиска поддршка од European High Performance Computing Joint Undertaking (EuroHPC JU) и како дел од Horizon 2020, предвидено е EuroCC и CASTIEL да изградат европска мрежа од 33 национални центри за компетенции за HPC. 

Крајната цел на двата проекти е да ги надминат постојните празнини во вештините за HPC, истовремено промовирајќи соработка и спроведување на најдобрите практики низ цела Европа, но и да обезбедат координирано и конзистентно високо ниво на експертиза низ цела Европа за HPC и сродните дисциплини, како што се анализа на податоци со високи перформанси (HPDA) и вештачка интелигенција.

Ваквото европско знаење и експертиза се клучни за зајакнување на технолошката автономија и конкурентност на Европската унија (ЕУ). 

За EuroCC – Национални центри за компетенции во рамките на EuroHPC 

Главниот фoкус на активностите на EuroCC проектот е насочен кон прибирање на потребната експертиза за воспоставување на мрежа на Национални центри за компетентност за HPC (High Performance Computing) во 31 земја-членка и земји кандидати низ Европа, со цел обезбедување на широко портфолио на услуги прилагодено на соодветните национални потреби на индустријата, академијата и јавните администрации. Сето ова во насока на поддршка и зголемување на националните компетенции за Процесирање со високи перформанси (HPC), на способностите за анализа на податоци со високи перформанси (High Performance Data Analytics  – HPDA) и вештачка интелигенција (Artificial Intelligence – AI), како и зголемување на употребата на овие технологии во различни области во одделните држави.

Концептот на EuroCC е во секоја од земјите учеснички да се воспостави Центар за компетенции за HPC како референтна и единствена точка за контакт за академијата, индустријата и јавната администрација. Овие национални центри за компетенции ќе им нудат услуги на своите крајни корисници покривајќи ги нивните потреби, од пристап до ресурси, преку технолошки консултации или обезбедување на генерални и специјализирани обуки. Амбицијата на EuroCC е да стане олеснувач на мрежата на Национални центри за компетенции во областите на HPC, HPDA и AI низ цела Европа.

Мисија 

Мисијата на EuroCC проектот е да ја имплементира мрежата на Национални центри за компетенции (НКЦ) на најефикасен начин. Главната задача на проектот е да им помогне на националните центри да ги воспостават своите индивидуални рамки и процедури на работење. Истовремено, да добијат пристап и да ги искористат најдобро искуствата и експертизата на национално и на европско ниво. 

Основни цели 

Главната цел на EuroCC е да се имплементира европска структура за поддршка заснована врз силно меѓусебно поврзани национални центри за компетенции (NCC) за да се овозможи поддршка на индустријата (особено на малите и средни претпријатија), академската заедница и јавната администрација  да имаат корист од предностите од достапната експертиза, искуство и ресурси на HPC во Европа. 

Постои јасно барање ова да се реализира преку една единствена точка за контакт и координација во секоја европска земја (Националниот центар за компетенции) за спроведување и координација на сите потребни активности на национално ниво. Ова вклучува: 

  • оркестрирање на веќе постоечки организации, услуги, активности за обуки во конкретната национална економија 
  • развој на подобрени и нови активности за поддршка. 
  • јасно дефинирани бизнис модели за интеракција со различни групи потенцијални клиенти 
  • промовирање и креирање на свест на национално и меѓународно ниво 
  • максимизирање на синергијата (размена и поддршка на најдобри практики) со другите европски држави. 

За повеќе информации посетете го https://www.eurocc-project.eu/  

За CASTIEL 

Проектот за координација и поддршка (CSA) CASTIEL спроведува активности за меѓу-европско вмрежување помеѓу Националните центри за компетентност (NCC) на теми поврзани со HPC, адресирани преку EuroCC проектот. 

Главната цел на CASTIEL проектот е да промовира соработка и размена на експертиза низ целата мрежа на EuroCC, преку спроведување на обуки, воспоставување соработка со индустријата, развој на деловни активности, подигнување на свеста за технологиите и експертизата поврзана со HPC.

Како центар за размена на информации и обуки, CASTIEL ќе развие мапа на компетенции ширум Европа која ќе ги презентира достапните ресурси и празнините на знаење во сите центри за компетенции на EuroCC. Ова ќе поттикне потенцијална соработка, размена на најдобри практики, споделување на знаење и експертиза помеѓу различни нации за ефикасно надминување на празнините во вештините и нивно затворање.

CASTIEL ќе координира активности поврзани со меѓународни работилници, партнерства за менторство и збратимување, како и за формирање на специфични работни групи за решавање на прашања од заеднички интерес. 

За повеќе информации посетете го https://www.castiel-project.eu/ 

Select the fields to be shown. Others will be hidden. Drag and drop to rearrange the order.
  • Image
  • SKU
  • Rating
  • Price
  • Stock
  • Availability
  • Add to cart
  • Description
  • Content
  • Weight
  • Dimensions
  • Additional information
  • Attributes
  • Custom attributes
  • Custom fields
Compare
Wishlist 0
Open wishlist page Continue shopping