Една од целите на проектот EuroCC, чии партнери се ФИНКИ, Инфините Солутионс и ЊуМенс Бизнис Акцелератор е мапирање на компетенциите и капацитетите во земјата поврзани со HPC, HPDA и AI.
Со пријавување на следната форма, сите заинтересирани професионалци кои работат или истражуваат во споменатите области ќе бидат евидентирани и објавени на сајтот на проектот.
На тој начин ќе им се овозможи на сите институции заинтересирани за соработка во областите на HPC, HPDA и AI да можат директно да ги контактираат овие професионалци за помош и консултации. Дополнително, оваа професионална мрежа ќе биде контактирана за идни соработки, обуки и тренинзи.
We use cookies to ensure that we give you the best experience on our website. If you continue to use this site we will assume that you are happy with it.Ok