EuroCC@Северна Македонија
март 4, 2021 2021-04-01 11:06EuroCC@Северна Македонија
EuroCC@Северна Македонија
EuroCC@Северна Македонија
EuroCC@Северна Македонија е македонски центар за компетенции за процесирање со високи перформанси, како дел од EuroCC проектот во рамките на EU Horizon 2020.
Република Северна Македонија е една од земјите учеснички во EuroCC проектот, чија основна цел е воспоставување на Национален центар за компетенции за HPC, HPDA и AI, како и зголемување на свесноста и примената на овие технологии во работењето на различни ентитети од индустријата, академијата и јавната администрација.
Проектот започна со имплементација во септември 2020 година, а е превидено да заврши во септември 2022 година.
Предвидени активности
Во рамки на EuroCC проектот во Република Северна Македонија е предвидено:
- Воспоставување Национален центар на компетенции за HPC, HPDA и AI
- Идентификација и мапирање на технички компетенции за HPC, HPDA и AI
- Централизација на пристапот до научна и техничка експертиза и знаење
- Воспоставување соработка со индустријата, академијата и јавните институции преку различни канали за комуникации
Во рамки на компонентата наменета за воспоставување на соработка со индустријата (со посебен фокус на малите и средни претпријатија), академијата и јавните институции, проектот ги нуди следните можности:
- Заедничко идентификување на проблеми и предлог решенија за нивно надминување.
- Дефинирање на реални сценарија врз основа на постоечки податоци и поддршка за нивна анализа и решавање преку изработка на доказ на концепти, прототипи и персонализирани обуки.
- Експертскa помош за:
- процесирање со високи перформанси, статистичка и предиктивна анализа на податоци
- aкцелератори, хабови и високо-технолошки стартап и спиноф компании.
- Олеснување на трансферот на знаења, вештини, технологии и методи, преку организирање на:
- Генерички обуки на тема HPC, големи податоци и вештачка интелегенција
- Персонализирани обуки согласно потребите на одделните компании и организации
- Овозможување на пристап до научна и техничка експертиза и бази на знаења
- Споделување на успешни приказни од други ентитети, со цел да се добијат идеи за користење на разни алатки за HPC, големи податоци и вештачка интелигенција во работењето.
Ентитети со најголеми придобивки од вклучување во проектот
Компании, јавни институции или ентитети од истражувачката дејност кои располагаат со голем обем на податоци и истите се соочуваат со следните предизвици:
- Ефикасно процесирање и обработка на податоците
- Идентификација на реално сценарио за употребливост на податоците кои ги поседуваат
- Статистичка и/или предиктивна анализа на податоците
- Ефикасност и оптимизација на процеси преку зголемување на пресметувачки ресурси и паралелизација.
Придобивки од вклучување во проектот
- Бесплатна помош за идентификување и анализа на проблеми кои можат да бидат адресирани и решени со примена на HPC, HPDA и AI.
- Бесплатна обука и трансфер на знаење за вработените одговорни за воспоставување и подобрување на ефикасноста на процесите и/или примена на алатки од областите на HPC, HPDA и AI.
- Бесплатна изработка на доказ на концепт и обука за примена на истиот за решавање на проблеми од областа на HPC, HPDA и AI.
- Пристап до експертиза за примена на HPC, HPDA и AI за подобрување на процесите и обработката на податоци.
- Воведување на модернизација, скалабилност, раст, развој и отварање на нови бизнис можности за компаниите.
- Пристап до пресметковни капацитети за реализација на доказот на концепт и процесирањето и анализата на податоци со високи перформанси.
- Размена на искуства со компании/организации кои веќе имаат остварено позитивни резултати од користење на технологиите од областа на HPC, HPDA и AI.
- Можност за пристап до фондови за финансирање на решенија за постоечки и нови проблеми од областа на HPC, HPDA и AI за поддршка на растот и развојот на компаниите/организациите.