За Нас

За нас

Кои сме ние? 

Република Северна Македонија е една од земјите учеснички во EuroCC проектот, чија основна цел е воспоставување на Национален центар за компетенции за HPC, HPDA и AI, како и зголемување на свесноста и примената на овие технологии во работењето на различни ентитети од индустријата, академијата и јавната администрација. Партнери за воспоставување на Националниот центар за компетентност за HPC (High Performance Computing) во Северна Македонија се: Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)Infinite Solutions и NewMan’s Business Accelerator. 

ФИНКИ 

Како водечки партнер на конзорциумот, ФИНКИ е одговорен за задачите 32.1: Национален центар за компетенции – „Менаџмент“, 32.2: „Обука и развој на вештини“, 32.5: „Мапирање на технички компетенции за HPC/Big Data/AI “, 32.6:„ Олеснување на пристапот до системите, научната и техничката експертиза и базите на знаење “, како и за поддршка на сите други задачи во проектот. 

Дознајте повеќе за ФИНКИ на www.finki.ukim.mk 

Инфините Солутионс 

Инфините Солутионс е македонска компанија за информатичка и комуникациска технологија, специјализирана за дизајнирање, развој и имплементација на сеопфатни софтверски решенија, како и системска интеграција во различни специјализирани подрачја, како што се: телекомуникации, финансии, државна администрација, образование, здравство, индустрија, и други, која обезбедува врвни услуги и производи за потребите на своите клиенти. Производите и услугите кои ги нуди Инфините Солутионс им обезбедуваат на клиентите навремен пристап до најновите технолошки решенија како на подрачјето на хардверот, така и на подрачјето на софтверот. Инфините е компанија ориентирана кон Microsoft, следејќи ги најдобрите и најновите технологии на пазарот. Тимот на Инфините Солутионс се состои од искусни ИТ професионалци, кои се целосно посветени на своите клиенти, помагајќи им да се соочат со предизвиците на модерното време и живеење.   

Како еден од партнерите во проектот, Инфините Солутионс е одговорен за задачите 32.4 – „Соработка со индустријата“ и 32.7 – „Креирање на свесност и соработка“, но учествува и во  задачите 32.1 „Менаџмент“, 32.2 „Обука и развој на вештини“, 32. 3 „Трансфер на технологија / развој на бизнис“. 

Дознајте повеќе за Инфините Солутионс на www.infinite.com.mk 

Newman’s Business Accelerator 

Како еден од партнерите во проектот, Newman’s Business Accelerator ја води задачата 32.3 „Трансфер на технологија / развој на бизнис“ и исто така ќе ќе учествува во  задачите 32.4 – „Соработка со индустријата“ и задачата 32.7 – „ Креирање на свесност и соработка “. 

Дознајте повеќе за Newman’s Business Accelerator на https://mk-mk.facebook.com/NewMansBA/  

Визија 

Визијата на EuroCC@Северна Македонија е да воспостави Национален центар за компетенции за HPC како единствена референтна и контакт точка за академските институции, индустријата и јавната администрација. Сите активности се фокусирани и оркестрирани како единствен know-how центар и за академијата и за индустријата. 

EuroCC 

За  EuroHPC JU 

На 1-ви септември 2020 година започнаа два нови проекти EuroCC и Castiel чија основна цел е зајакнување на знаењата и можностите за HPC во Европа. Со финансиска поддршка од European High Performance Computing Joint Undertaking (EuroHPC JU) и како дел од Horizon 2020, предвидено е EuroCC и CASTIEL да изградат европска мрежа од 33 национални центри за компетенции за HPC. Крајната цел на двата проекти е да ги надминат постојните празнини во вештините за HPC, истовремено промовирајќи соработка и спроведување на најдобрите практики низ цела Европа, но и да обезбедат координирано и конзистентно високо ниво на експертиза низ цела Европа за HPC и сродните дисциплини, како што се анализа на податоци со високи перформанси (HPDA) и вештачка интелигенција. Ваквото европско знаење и експертиза се клучни за зајакнување на технолошката автономија и конкурентност на Европската унија (ЕУ). 

За EuroCC – Национални центри за компетенции во рамките на EuroHPC (do tekstot za EuroCC proektot da se stavi zlatnoto logo na EuroCC) – ako e premnogu tekst moze na more da se klikne za da se prikaze cel. 

Главниот фoкус на активностите на EuroCC проектот е насочен кон прибирање на потребната експертиза за воспоставување на мрежа на Национални центри за компетентност за HPC (High Performance Computing) во 31 земја-членка и земји кандидати низ Европа, со цел обезбедување на широко портфолио на услуги прилагодено на соодветните национални потреби на индустријата, академијата и јавните администрации. Сето ова во насока на поддршка и зголемување на националните компетенции за Процесирање со високи перформанси (HPC), на способностите за анализа на податоци со високи перформанси (High Performance Data Analytics  – HPDA) и вештачка интелигенција (Artificial Intelligence – AI), како и зголемување на употребата на овие технологии во различни области во одделните држави. 

Концептот на EuroCC е во секоја од земјите учеснички да се воспостави Центар за компетенции за HPC како референтна и единствена точка за контакт за академијата, индустријата и јавната администрација. Овие национални центри за компетенции ќе им нудат услуги на своите крајни корисници покривајќи ги нивните потреби, од пристап до ресурси, преку технолошки консултации или обезбедување на генерални и специјализирани обуки. Амбицијата на EuroCC е да стане олеснувач на мрежата на Национални центри за компетенции во областите на HPC, HPDA и AI низ цела Европа. 

Мисија 

Мисијата на EuroCC проектот е да ја имплементира мрежата на Национални центри за компетенции (НКЦ) на најефикасен начин. Главната задача на проектот е да им помогне на националните центри да ги воспостават своите индивидуални рамки и процедури на работење. Истовремено, да добијат пристап и да ги искористат најдобро искуствата и експертизата на национално и на европско ниво. 

Основни цели 

Главната цел на EuroCC е да се имплементира европска структура за поддршка заснована врз силно меѓусебно поврзани национални центри за компетенции (NCC) за да се овозможи поддршка на индустријата (особено на малите и средни претпријатија), академската заедница и јавната администрација  да имаат корист од предностите од достапната експертиза, искуство и ресурси на HPC во Европа. 

Постои јасно барање ова да се реализира преку една единствена точка за контакт и координација во секоја европска земја (Националниот центар за компетенции) за спроведување и координација на сите потребни активности на национално ниво. Ова вклучува: 

  • оркестрирање на веќе постоечки организации, услуги, активности за обуки во конкретната национална економија 
  • развој на подобрени и нови активности за поддршка. 
  • јасно дефинирани бизнис модели за интеракција со различни групи потенцијални клиенти 
  • промовирање и креирање на свест на национално и меѓународно ниво 
  • максимизирање на синергијата (размена и поддршка на најдобри практики) со другите европски држави. 

За повеќе информации посетете го https://www.eurocc-project.eu/ 

За CASTIEL

Проектот за координација и поддршка (CSA) CASTIEL спроведува активности за меѓу-европско вмрежување помеѓу Националните центри за компетентност (NCC) на теми поврзани со HPC, адресирани преку EuroCC проектот. Главната цел на CASTIEL проектот е да промовира соработка и размена на експертиза низ целата мрежа на EuroCC, преку спроведување на обуки, воспоставување соработка со индустријата, развој на деловни активности, подигнување на свеста за технологиите и експертизата поврзана со HPC. Како центар за размена на информации и обуки, CASTIEL ќе развие мапа на компетенции ширум Европа која ќе ги презентира достапните ресурси и празнините на знаење во сите центри за компетенции на EuroCC. Ова ќе поттикне потенцијална соработка, размена на најдобри практики, споделување на знаење и експертиза помеѓу различни нации за ефикасно надминување на празнините во вештините и нивно затворање. CASTIEL ќе координира активности поврзани со меѓународни работилници, партнерства за менторство и збратимување, како и за формирање на специфични работни групи за решавање на прашања од заеднички интерес. 

За повеќе информации посетете го https://www.castiel-project.eu/

EuroCC@Северна Македонија 

EuroCC@Северна Македонија е македонски центар за компетенции за процесирање со високи перформанси, како дел од EuroCC проектот во рамките на EU Horizon 2020. Република Северна Македонија е една од земјите учеснички во EuroCC проектот, чија основна цел е воспоставување на Национален центар за компетенции за HPC, HPDA и AI, како и зголемување на свесноста и примената на овие технологии во работењето на различни ентитети од индустријата, академијата и јавната администрација. Проектот започна со имплементација во септември 2020 година, а е превидено да заврши во септември 2022 година. 

Предвидени активности 

Во рамки на EuroCC проектот во Република Северна Македонија е предвидено:  

  1. Воспоставување Национален центар на компетенции за HPC, HPDA и AI 
  1. Идентификација и мапирање на технички компетенции за HPC, HPDA и AI 
  1. Централизација на пристапот до научна и техничка експертиза и знаење 
  1. Воспоставување соработка со индустријата, академијата и јавните институции преку различни канали за комуникации 

Во рамки на компонентата наменета за воспоставување на соработка со индустријата (со посебен фокус на малите и средни претпријатија), академијата и јавните институции, проектот ги нуди следните можности:  

  • Заедничко идентификување на проблеми и предлог решенија за нивно надминување.  
  • Дефинирање на реални сценарија врз основа на постоечки податоци и поддршка за нивна анализа и решавање преку изработка на доказ на концепти, прототипи и персонализирани обуки. 
  • Експертскпомош за: 
  • процесирање со високи перформанси, статистичка и предиктивна анализа на податоци 
  • aкцелератори, хабови и високо-технолошки стартап и спиноф компании. 
  • Олеснување на трансферот на знаења, вештини, технологии и методи, преку организирање на: 
  • Генерички обуки на тема HPC, големи податоци и вештачка интелегенција 
  • Персонализирани обуки согласно потребите на одделните компании и организации 
  • Овозможување на пристап до научна и техничка експертиза и бази на знаења 
  • Споделување на успешни приказни од други ентитети, со цел да се добијат идеи за користење на разни алатки за HPC, големи податоци и вештачка интелигенција во работењето. 

Ентитети со најголеми придобивки од вклучување во проектот 

Компании, јавни институции или ентитети од истражувачката дејност кои располагаат со голем обем на податоци и истите се соочуваат со следните предизвици:  

  • Ефикасно процесирање и обработка на податоците  
  • Идентификација на реално сценарио за употребливост на податоците кои ги поседуваат 
  • Статистичка и/или предиктивна анализа на податоците 
  • Ефикасност и оптимизација на процеси преку зголемување на пресметувачки ресурси и паралелизација.  

Придобивки од вклучување во проектот 

  • Бесплатна помош за идентификување и анализа на проблеми кои можат да бидат адресирани и решени со примена на HPC, HPDA и AI. 
  • Бесплатна обука и трансфер на знаење за вработените одговорни за воспоставување и подобрување на ефикасноста на процесите и/или примена на алатки од  областите на HPC, HPDA и AI. 
  • Бесплатна изработка на доказ на концепт и обука за примена на истиот за решавање на проблеми од областа на HPC, HPDA и AI. 
  • Пристап до експертиза за примена на HPC, HPDA и AI за подобрување на процесите и обработката на податоци. 
  • Воведување на модернизација, скалабилност, раст, развој и отварање на нови бизнис можности за компаниите. 
  • Пристап до пресметковни капацитети за реализација на доказот на концепт и процесирањето и анализата на податоци со високи перформанси. 
  • Размена на искуства со компании/организации кои веќе имаат остварено позитивни резултати од користење на технологиите од областа на HPC, HPDA и AI. 
  • Можност за пристап до фондови за финансирање на решенија за постоечки и нови проблеми од областа на HPC, HPDA и AI за поддршка на растот и развојот на компаниите/организациите.