Воспоставување Национален центар на компетенции за HPC, HPDA и AI
февруари 25, 2021 2021-03-16 18:00Воспоставување Национален центар на компетенции за HPC, HPDA и AI
Воспоставување Национален центар на компетенции за HPC, HPDA и AI
Главната цел на EuroCC е да се имплементира европска структура за поддршка заснована врз силно меѓусебно поврзани национални центри за компетенции (НЦК) за да се овозможи поддршка на индустријата (особено на малите и средни претпријатија), академската заедница и јавната администрација да имаат корист од предностите од достапната експертиза, искуство и ресурси за HPC во Европа.
Постои јасно барање ова да се реализира преку една единствена точка за контакт и координација во секоја eвропска земја – Националниот центар за компетенции, за спроведување и координација на сите потребни активности на национално ниво. Ова вклучува:
- Оркестрирање на веќе постоечки организации, услуги, активности за обуки во конкретната национална економија
- Развој на подобрени и нови активности за поддршка.
- Јасно дефинирани бизнис модели за интеракција со различни групи потенцијални клиенти
- Промовирање и креирање на свест на национално и меѓународно ниво
- Максимизирање на синергијата (размена и поддршка на најдобри практики) со другите европски држави.
Целта на националниот центар за компетенции е да помогне во едукација на деловните субјекти за техничко усвојување на HPC и да обезбеди консултации за HPC, GPU забрзување и барања за ракување со податоци.
НЦК ќе се фокусира на помагање на МСП во извлекувањето на конкурентските придобивки од користење на HPC. Ќе бидат организирани семинари на кои ќе се споделуваат најдобри практики и примери за употребата на HPC во индустријата. Националниот центар за компетенции ќе ја гради свеста во индустријата за HPC и GPU компетенциите низ целата земја и ќе ги идентификува стратегиите за трансфер на технологија од академските институции.