Идентификација и мапирање на технички компетенции за HPC, HPDA и AI

Идентификација и мапирање на технички компетенции за HPC, HPDA и AI

Целта на оваа група на активности е да се имплементира и одржува мапа на HPC/HPDA/AI компетенции за поддршка на заинтересираните субјекти да стапат во контакт со соодветни експерти и да се создадат услови за Националниот центар за компетенции да ги адресира постојните потреби на корисниците од индустрија, јавниот сектор и академската заедница.

Во оваа група на активности е вклучено истражување на курсевите кои ги нуди формалното образование преку универзитетите во земјата и прибирање на релевантни податоци за истите. Прибраните податоци ќе бидат анализирани со цел утврдување на празнините во тековните понуди на курсеви. Понудите на курсеви за HPC, HPDA и AI ќе бидат мапирани за подобра видливост и пристапност до сите заинтересирани страни во земјата.

Врз основа на утврдените празнини и мапирањето, ќе се развиваат курсеви и материјали за обука, фокусирани на затворање на идентификуваниот јаз и тековните потреби на пазарот. Развиените курсеви и материјали за обука ќе бидат доставени преку серија предавања до специфичните целни групи. Ова исто така ќе вклучува специјално дизајнирани обуки за заинтересираните компании, институции и други организации, засновани врз нивните специфични барања.

Select the fields to be shown. Others will be hidden. Drag and drop to rearrange the order.
  • Image
  • SKU
  • Rating
  • Price
  • Stock
  • Availability
  • Add to cart
  • Description
  • Content
  • Weight
  • Dimensions
  • Additional information
  • Attributes
  • Custom attributes
  • Custom fields
Compare
Wishlist 0
Open wishlist page Continue shopping