Централизација на пристапот до научна и техничка експертиза и знаење
февруари 25, 2021 2021-03-17 12:28Централизација на пристапот до научна и техничка експертиза и знаење
Централизација на пристапот до научна и техничка експертиза и знаење
Ќе биде развиена отворена национална платформа за далечинско учење посветена на HPC, HPDA и AI, опремена со курсеви и материјали за обука релевантен за HPC, AI и HPDA, базирана на Moodle како open source систем за управување со учење. Платформата ќе овозможи лесен пристап до развиените курсеви и материјали за обука, ќе се користи како поддршка за одржување на обуки, а ќе поддржува и курсеви за самостојно учење на заинтересираната публика.
Платформата ќе биде достапна за сите заинтересирани страни, вклучувајќи ги академските институции, приватниот сектор, јавната администрација, како и граѓанските научници за постојано проширување на своето знаење во споменатите области и негово применување при совладување на нивните секојдневни предизвици.
Националниот центар за компетенции (НЦК) ќе помогне во преформулирање на научните проблеми за да се овозможи скалирање кон многу поголеми ресурси отколку што се користат денес. НЦК ќе помогне во едукација на деловните субјекти за техничко усвојување на HPC и ќе обезбеди консултации за HPC, GPU забрзување и барања за ракување со податоци.
НЦК ќе се фокусира на помагање на малите и средни претпријатија во извлекувањето на конкурентските придобивки од користењето на HPC, а ќе се развие и HPC еко-систем на индустријата. Ќе бидат организирани семинари на кои ќе се споделуваат најдобри практики и примери за употреба на HPC во индустријата. НЦК ќе ја гради свеста во индустријата за компетенциите на HPC и GPU низ целата земја и ќе ги идентификува стратегиите за трансфер на технологија од академските институции.