FFplus: Трет отворен повик за HPC Business Experiments – нови можности за МСП

FFplus: Трет отворен повик за HPC Business Experiments – нови можности за МСП

FFplus Webinar

Проектот FFplus го најавува третиот отворен повик за HPC Business Experiments, наменет за мали и средни претпријатија (МСП) кои сакаат да ги надминат своите деловни предизвици преку примена на пресметување со високи перформанси (HPC), анализа на големи податоци (HPDA) и вештачка интелигенција (AI).

Повикот ќе биде објавен во првата половина на ноември 2026 година, додека поднесувањето апликации ќе започне во средината на јануари 2027 година и ќе заврши по приемот на 200 предлози.

Повикот е првенствено наменет за МСП кои претходно не користеле напредни пресметковни ресурси во своето деловно работење. Ограничено претходно користење за тестирање на изводливоста и проценка на потребните ресурси е дозволено.

На 3 ноември 2026 година, во 14:00 часот, ќе се одржи информативен вебинар наменет за Националните центри за компетентност (NCC) и AI Factories.

Корисни линкови:

NCC Северна Македонија ги охрабрува заинтересираните компании да ги следат можностите што ги нуди овој повик за примена на напредни дигитални технологии и иновации во нивното работење.