Пријави се за менторска програма (1 на 1) Youth in Business!

Пријави се за менторска програма (1 на 1) Youth in Business!

Youth in Business 2026

Почитувани млади претприемачи,

Со задоволство ве информираме дека во рамките на Програмата Млади во бизнис, ЕБОР и ПроКредит Банка ја отвораат бесплатната програма за поддршка на компании управувани од претприемачи до 35 години, која ќе ја спроведе БАУ.

Програмата обезбедува развој на знаења, менторство и поддршка за пристап до финансирање. Пријавете се на програмата и дозволете раст и развој за вашиот бизнис со најдобрите ментори!

Што добивате?

#1 Start Smart: Youth in Business Launch Event – 2 Април 2026

Овој воведен настан е првиот чекор во програмата, кој на учесниците им обезбедува:

· Вовед во менторството;

· Корисни насоки за стратегија и финансии;

· Пристап до информации за можности за финансирање;

· Можност за вмрежување со консултанти и претприемачи.

Настанот служи како подготовка за следната фаза – Индивидуална менторска работа. Преку овој настан ќе се информирате и ќе видите дали менторската програма е за вас.

#2 10-неделна менторска програма (1 на 1) – 📅 Април – Јуни 2026 Вклучува:

· Индивидуално менторство (10–12 часа);

· Дијагностичка проценка;

· План за раст;

· Подготвителни материјали за пристап до финансирање;

· Финансиски и стратешки план за период од 12 месеци.

Кој може да аплицира?

✔ Микро, мали и средни компании; ✔ Компании со годишни приходи до 50 милиони €; ✔ Компании со сопственик или менаџер до 35 години; ✔ Компании кои постојат најмалку 1 година, во приватно и локално сопствеништво.

Процес на апликација Пополнете го онлајн формуларот – https://forms.office.com/e/K9QV3m95nK; Избраните кандидати ќе имаат краток разговор; Ќе добиете потврда за учество во рок од 48 часа.

Временска рамка

📅 Април – Јуни 2026 📝 Рок за апликации: 26 март 2026 🎓 Почеток на програмата: 2 април 2026

Учеството е целосно бесплатно за лимитиран број на учесници!

Програмата е финансиски поддржана од Шведска, и се имплементира во соработка со Европска банка за обнова и развој. За повеќе информации контактирајте не на: accelerator@ukim.edu.mk и следете не на социјалните медиуми: Линкедин, Фејсбук и Инстаграм