Одржано предавањето „How to Build an AI Agent with LLMs: From Idea to Production“, во ко-организација на EuroCC MK и GDG Skopje

Одржано предавањето „How to Build an AI Agent with LLMs: From Idea to Production“, во ко-организација на EuroCC MK и GDG Skopje

How to Build an AI Agent with LLMs

На 02 декември 2025 година, во просториите на Base42, Скопје, се одржа предавање на тема „How to Build an AI Agent with LLMs: From Idea to Production“, ко-организирано од EuroCC MK – Националниот центар за компетенции за високо-перформансни пресметувања и Google Developers Group Skopje. Настанот привлече голем интерес кај академската и индустриската заедница, што ја истакнува актуелноста на агентските системи и современите AI технологии.

Предавач беше м-р Стефан Андонов, асистент и истражувач на ФИНКИ и член на Националниот центар за компетенции. Тој го претстави процесот на развој на AI агенти засновани на големи јазични модели (LLMs) – од иницијална идеја, преку избор на модел и архитектура, па сè до поставување на продукциски систем. 

Во предавањата беа вклучени теориски основи на големите јазични модели, агентските системи и софтверското инженерство потребно за развој на еден агентен систем, како и практичен дел (демо). Во практичниот дел беа демонстрирани примери на едноставен и комплексен агент – вклучувајќи и мулти-агентно сценарио со цел да автоматизира мануелен процес кој може да трае неколку часа и е составен од анализа на податоци, креирање визуализации и документи и планирање на состаноци со клиенти. Овие примери покажаа како AI агентите можат значително да го подобрат работниот тек и да го намалат оперативниот напор во различни индустрии.

Настанот претставува значаен придонес кон мисијата на EuroCC MK да овозможи ширење на знаење и развој на кадар во областите на HPC, машинско учење и напредни AI системи. Учесниците покажаа голем интерес за понатамошни активности, што ја потврдува важноста на континуирана едукација во оваа динамична технолошка област.