E-commerce Meetup: AI (Business) Speed Talks успешно се одржа во Скопје
мај 8, 2026 2026-05-08 17:37E-commerce Meetup: AI (Business) Speed Talks успешно се одржа во Скопје
На 6 мај 2026 година, во просториите на Innox, успешно се одржа E-commerce Meetup: AI (Business) Speed Talks — динамичен meetup настан посветен на практичната примена на вештачката интелигенција во современиот бизнис и e-commerce сектор.
Настанот собра претставници од e-commerce компании, маркетинг професионалци, стартапи и ентузијасти кои имаа можност да слушнат две кратки, но исклучително практични speed talks презентации од експерти кои секојдневно работат со AI технологии во реален бизнис контекст.
Практични AI пристапи за комуникација, содржина и продажба
Првиот говорник, Дамјан Дано, ја одржа презентацијата „Престани да звучиш како учтив робот“, каде што сподели конкретни техники и примери за поефикасно користење на генеративна вештачка интелигенција при креирање содржина и комуникација. Посетителите имаа можност да слушнат како AI алатките може да се користат на покреативен, поавтентичен и почовечки начин, без шаблонски и стерилен пристап.
Во второто предавање, Стефан Андонов говореше на тема „Од податоци до приход: Како AI предвидува што ќе направат вашите купувачи следно“. Преку реални примери и практични сценарија, тој објасни како AI моделите се користат за анализа на податоци, предвидување на однесување на купувачите, препознавање на клиенти со најголем потенцијал за повторна куповина, како и приоритизација на производи со цел зголемување на продажбата и приходите.
Настанот помина во одлична атмосфера, со активна дискусија, networking и размена на искуства меѓу присутните, потврдувајќи го сè поголемиот интерес за практична примена на AI технологии во македонскиот бизнис и e-commerce еко систем.