269744832_849295026022268_5780310208584032853_n

Втора Инфо Сесија: „Паметно со податоци“ – EuroCC HPC.mk Хакатон

About The Event

Online: Zoom

Националниот центар HPC.mk за компетенции за HPC, HPDA и AI, во рамки на во EuroCC проектот, кој има за цел зголемување на свесноста и примената на овие технологии во работењето на различни ентитети од индустријата, академијата и јавната администрација, организира 3-дневен хакатон под мотото „ПАМЕТНО СО ПОДАТОЦИ“.

Партнери за воспоставување на Националниот центар за компетентност за HPC (High Performance Computing) во Северна Македонија се: Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Infinite Solutions и NewMan’s Business Accelerator.


КОЈ Е ПРЕДИЗВИКОТ НА ХАКАТОНОТ „ПАМЕТНО СО ПОДАТОЦИ“?

Предизвикот опфатен со овој хакатон е да се предложат, дизајнираат и имплементираат иновативни и паметни решенија за мониторирање, оптимизација и управување со енергетски ресурси, потрошувачка, производство, климатски промени, преку користење на различни јавно достапни податоци од различни извори со помош на постоечки или нови пристапи кои користат вештачка интелигенција и/или решенија за големи податоци и пресметување со високи перформанси.

Дел од темите кои се од интерес на овој предизвик се:


1. Управување и оптимизација на користење на енергија
2. Мониторирање и управување со отпад
3. Намалување на загадување на воздух
4. Одржлива мобилност
5. Кружна економија


📣 ВТОРА ИНФО СЕСИЈАНа 10 јануари 2022, од 13:00 до 14:30 часот, во просториите на ФИНКИ, ќе се одржи втората Инфо Сесија со цел запознавање со предизвикот. Се охрабруваат заинтересираните да земат учество во живо со почитување на Covid19 протоколите, а доколку не се во можност да се вклучат онлајн на линкот https://zoom.us/j/99126557052…


КОЈА Е ЦЕЛТА НА ОВОЈ ХАКАТОН?

Целта на овој хакатон е да инспирираме отворени иновации и да создадеме иновативни решенија за проблеми од различни обасти кои се директно поврзани со поддобрување на квалитетот на живот и зачувување на природата и природните ресурси. Фокусот на овој повик е ставен можностите и начините на искористување на податоците и нивната сеприсустност за подобрување на овие процеси.Со учество на овој хакатон, ќе запознаете нови луѓе, ќе смислувате и работите на иновативни идеи и ќе се запознаете подлабоко со примената на HPC и AI во решавањето на секојдневните проблеми. Исто така, можете да освоите и возбудливи награди.

КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА?

На хакатонот може да се пријавуваат студенти или поединци ентузијасти во областите на вештачката интелигенција, големите податоци и HPC, индивидуално или во тим.Формата за регистрација за учество на хактонот е достапна на https://www.hpc.mk/index.php/hackathon/ и се наоѓа под објаснувањата во долниот дел на страната.

🏆 НАГРАДИ ЗА ПОБЕДНИЦИТЕ


1 награда: 1500ЕУР
2 награда: 1000ЕУР
3 награда: 500ЕУР


🗓️ ВРЕМЕНСКИ РАСПОРЕД НА ХАКАТОНОТ:

👉 23 декември 2021: 1ва Инфо Сесија со цел запознавање со предизвикот и Старт на пријавување
👉 10 јануари 2022: 2ра Инфо Сесија со можнот за презентирање на идеи од пријавените учесници (13:00-14:30 ч., во живо на ФИНКИ и онлајн)
⏰ 16 јануари 2022: Краен рок за пријавување за учество
💻 27-28 јануари 2022: Одржување на Хакатонот (во живо, со можност за онлајн учество за прифатени учесници кои не живеат во Скопје)
🏆 29 јануари 2022: Презентација на проектите, прогласување на победници и доделување на награди

МЕНТОРИ:


Секој формиран тим ќе добие свој ментор со кој ќе може да се консултира при изработката на своето решение. Менторите ќе бидат презентирани за време на инфо сесиите.


ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

1. Што е хакатон?
Хакатон претставува настан во кој учесниците се здружуваат и за кратко време разработуваат некоја идеја на дадена тема и прават прототип решение врз основа на таа идеја.

2. Кој учествува во хакатонот?
Учесниците во хакатонот се делат на хакери и ментори. Хакерите се директни учесници во хакатонот кои работат на реализација на идејата, додека менторите им помагаат со дополнителни идеи и методи за реализација.

3. Дали треба да платам за регистрација?
Регистрацијата на овој хакатон е бесплатна.

4. Дали може да се пријавам во тим или како поединец?
Можете да се пријавите и како тим или како поединец кој подоцна ќе се приклучи на некој од постоечките тимови, или да работите како поединец во хакатонот.

5. По кој критериум ќе бидат оценувани идеите и решенијата?
20% иновативност на идејата
20% корисност на идејата за општеството
20% оддржливост на идејата
20% квалитет на реализација на идејата
20% презентација на идејата

6. Како можам да учествувам на хакатонот?
За учество на хакатонот, доволно е да имате сопствен компјутер и интернет врска. Освен тоа, се што треба е да се пријавите.

7. Каде да се обратам доколку имам прашања во врска со хакатонот?
contact@hpc.mk

Leave your thought here

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *