technology-g53bb0f33d_1280

Пример за статистичка анализа на податоци со користиње на R

About The Event

Online: Meetup

Кратка содржина на предавањето:


Денес може лесно на интернет да се пронајдат податоци од различни домени, кои понекогаш можат да помогнат при анализа на дадени проблеми. Проблеми кои неретко се дел од главните прашања во индустријата, на пример: “Зошто производот не се продава?” или пак “Зошто декември е месец на најголем приход?”.

Овие прашања на почетокот се премногу тешки за концизен одговор, базирајќи се на мноштвото хаотични податоци. Но, целта и идејата на статистичката анализа е да произведе информација од хаосот. Затоа, ние ќе се обидеме во оваа презентација да дадеме краток осврт на базичните статистички методи со чија примена ќе ги откриете главните особини на вашите купувачи, производи или пак клиенти.

Статистиката претставува одделна гранка во математиката, но ние денес ќе ви ја прикажеме во друго светло. Така што ќе и дадеме практична примена на податоци од интерес на индустријата.

Предавач: Јована Добрева – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

Comment (1)

  1. Blagoja Jankoski

    Interesna tema.

Напиши одговор на Blagoja Jankoski Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *