ff4eurohpc

Презентација на вториот отворен повик на FF4EuroHPC и можностите што ги нуди

About The Event

Почитувани,

Ни претставува особена чест да ве поканиме на виртуелниот настан организиран во рамките на проектот EuroCC – Национални Центри за Компетенции за Процесирање со Високи Перформанси кој ќе се одржи на 01.07.2021 година,  наменет за презентација на FF4EuroHPC отворениот втор повик за соработка на индустријата, академијата и HPC центрите со цел користење на HPC од страна на корисниците од стопанството, со посебен фокус на малите и средни претпријатија. Преку овие повици FF4EuroHPC овозможува добивање на грантови за соработка помеѓу вклучените партнери. 

FF4EuroHPC е европска иницијатива која помага да се олесни пристапот до сите технологии поврзани со Процесирање со Високи Перформанси за МСП и со тоа да се зголеми иновативниот потенцијал на европската индустрија. Без разлика дали врши симулации со висока резолуција, прави анализи на податоци од големи размери или вклучува апликации за вештачка интелегенција во работните процеси на МСП, FF4EuroHPC ги поврзува деловните активности со врвните технологии.

АГЕНДА

ВремеТемаПрезентер
  11:30 – 11:35Претставување на гостинот и краток вовед за FF4EuroHPCПроф. Д-р Боро Јакимовски ФИНКИ, УКИМ
  11:35 – 11:55Презентација на вториот отворен повик на FF4EuroHPC и можностите што ги нуди  Tomi Ilijaš, CEO, Arctur d.o.o.
11:55 – 12:10Прашања и одговориТимовите на FF4EuroHPC и EuroCC проектите

Сите заинтересирани компании може да го проследат настанот преку Тимс на следниот линк:

https://teams.microsoft.com

Поздрав и ве очекуваме

Тимовите на FF4EuroHPC и EuroCC проектите

Leave your thought here

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *