About The Event
ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА НАЦИОНАЛНА ТРЕНИНГ РАБОТИЛНИЦА
Ни претставува особена чест да Ве поканиме на националната тренинг работилница со наслов “Практична примена на процесирањето со високи перформанси (HPC), обработката на податоци со високи перформанси (HPDA) и вештачка интелигенција (AI)”, поддржана од проектот EuroCC, која ќе се одржи како сателитски настан во рамките на конференцијата ICT Innovations 2021 (http://www.ictinnovations.org).
Основна цел на EuroCC проектот е да обезбеди широко портфолио на услуги во насока на поддршка и зголемување на националните компетенции за HPC, HPDA и AI, како и зголемување на употребата на овие технологии во различни области од работењето на компаниите. Партнери во имплементацијата на EuroCC проектот се ФИНКИ при УКИМ, Инфините Солутионс и New Mans Business Accelerator.
На работилницата ќе бидат претставени 16 одделни теми, како поедноставен приказ на курсевите кои се во финална фаза на објавување на платформата за учење (learn.HPC.mk) и кои ќе бидат достапни за пошироката јавност почнувајќи од октомври 2021 година.
Во продолжение е агендата со темите кои ќе бидат презентирани на работилницата, како и предавачите за секоја од нив со соодветен временски распоред. Предавањата ќе бидат на македонски јазик. Работилницата ќе биде бесплатна и отворена за поширока публика. Термините за одржување на работилницата се 29.09.2021 од 9:00 – 11:00 и од 13:00 – 15:00 и 30.09.2021 од 9:00 – 11:00 часот и од 13:00 – 15:00 часот. Во секој временски слот ќе има по 4 презентации.
Агенда:
Датум: 29.09.2021 | Линк за регистрација: https://teams.microsoft.com/registration/ |
Време на одржување | 09:00 – 11:00 |
Предавач | Тема |
Дејан Спасов | HPC кластер на Amazon Web Services (AWS). |
Димитар Китановски | Практичен пример -Изработка на основна програма во Apache Hadoop |
Марјан Гушев | Напредни програмски модели |
Магдалена Костовска | Употреба на MPI колективни рутини |
Време на одржување | 13:00 – 15:00 |
Предавач | Тема |
Јана Кузманова | Машинско учење во Python и податочни множества за AAL. |
Мирослав Мирчев | Рекурентни невронски мрежи со Tensorflow/PyTorch |
Андреја Наумоски | Регресиска и класификациска анализа со Scala |
Драган Накевски | Конфигурирање на ROS за мулти-роботски систем во ХПЦ |
Датум: 30.09.2021 | Линк за регистрација: https://teams.microsoft.com/registration |
Време на одржување | 09:00 – 11:00 |
Предавач | Тема |
Јована Добрева | Oбработка на медицински податоци со NLP алатки |
Ѓорѓи Новески | Методологија за креирање на интелигентен систем за препорака на хиперпараметри во Длабоко учење воден од податоци. |
Ѓорѓи Маџаров Стефан Андонов | Статистичка анализа на потоци од податоци во реално време со помош на Apache Flink |
Владимир Здравески | GPGPU операции со матрици |
Време на одржување | 13:00 – 15:00 |
Предавач | Тема |
Јована Добрева | Паралелизација во R при статистичка анализа на податоци |
Соња Гиевска Мартина Тошевска | Примена на трансфер на знаење во машинска визија |
Војдан Ќорвезироски | Дистрибуирана анализа на податоци со Kubeflow и Jupyter |
Јана Кузманова | Машинско учење и интероперабилност за финансискиот сектор |
Линк за учество:
За следење на настанот потребно е да се регистрирате. По успешната регистрација ќе ги добиете деталите за поврзување како и покана за во вашиот календар. Регистрацијата треба да се направи посебно за двата дена.
Линкови за регистрација:
29.09.2021
https://teams.microsoft.com/registration
30.09.2021