web-4861605_1280

„HPC.MK и Соработка со членките на Сојуз на стопански комори“

About The Event

Почитувани,

Ни претставува особена чест да Ве поканиме на првиот виртуелен настан организиран во соработка со Сојузот на стопански комори на Македонија, како дел од проектот EuroCC – Национални Центри за Компетенции за Процесирање со Високи Перформанси под наслов „Соработка со членките на Сојузот на стомански комори“. Организатори на настанот се Сојуз на стопански комори и ФИНКИ при УКИМ, Инфините Солутионс и New Mans Business Accelerator, како партнери во имплементацијата на EuroCC проектот, чија основна цел е да обезбеди широко портфолио на услуги во насока на поддршка и зголемување на националните компетенции за HPC (Процесирање со високи перформанси), HPDA (Анализа на податоци со високи перформанси) и AI (Вештачка интелигенција), како и зголемување на употребата на овие технологии во различни области од работењето на компаниите.

На настанот ќе бидат претставени досегашните активности на проектот; можностите за соработка со компаниите и придобивките од вклучување во проектот; начините за реализација на соработката со компаниите, како и неколку успешни приказни за резултатите од користењето на HPC, HPDA и AI во индустријата.

Главни придобивки од вклучување во проектот за компаниите

  • Бесплатна помош за идентификување и анализа на проблеми кои можат да бидат адресирани и решени со примена на HPC, HPDA и AI.
  • Пристап до експертиза за примена на HPC, HPDA и AI за подобрување на процесите и обработката на податоци.
  • Бесплатна обука и трансфер на знаење за вработените одговорни за воспоставување и подобрување на ефикасноста на процесите и/или примена на алатки од  областите на HPC, HPDA и AI.
  • Бесплатна изработка на доказ на концепт и обука за примена на истиот за решавање на проблеми од областа на HPC, HPDA и AI.
  • Пристап до пресметковни капацитети за реализација на доказот на концепт и процесирањето и анализата на податоци со високи перформанси.
  • Размена на искуства со компании/организации кои веќе имаат остварено позитивни резултати од користење на технологиите од областа на HPC, HPDA и AI.
  • Размена на знаења, модернизација и поддршка за развивање на бизнис модели.
  • Поддршка за пристап до фондови за финансирање на решенија за постоечки и нови проблеми од областа на HPC, HPDA и AI за развој и отворање на нови бизнис можности на компаниите/организациите.

Во прилог на оваа покана Ви испраќаме краток документ со повеќе информации за проектот, како и можностите кои ги нуди истиот за сите заинтересирани ентитети од индустријата, академијата и јавната администрација.

Агенда:

10:00–10:05 Воведно обраќање, Даниела Арсовска, Претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

10:05–10:15 Воспоставување на EuroCC Центар за процесирање со високи перформанси, Проф. Д-р Боро Јакимовски ФИНКИ, УКИМ

10:15–10:25 Мапирање на технички компетенции за HPC/Big Data/AI, Проф. Д-р Ивица Димитровски, ФИНКИ, УКИМ

10:25–10:35 Начини за реализација на соработката – Проф. Д-р Ѓорѓи Маџаров

10:35–10:50 HPC успешни приказни од Металната и електро индустрија – NewMan’s Business Accelerator и Инфините Солутионс

10:50–11:00 Прашања и одговори

Линк за учество

Сите заинтересирани компании може да го проследат настанот преку следниот линк: https://teams.microsoft.com/l/meetup-join

Истовремено, Ве покануваме да го пополните Прашалникот за мапирање на техничките компетенции за Процесирање со високи перформанси (HPC), Анализа на податоци со високи перформанси (HPDA) и Вештачка интелигенција (AI), кој е достапен на следниот линк: Мапирање на HPC/Big Data/AI технички компетенции (google.com). Целта на прашалникот е да ги идентификува областите на експертиза, знаење и примена на HPC, HPDA и AI од страна на индустријата и институциите.

За повеќе информации за проектот посетете ја нашата веб локација: EuroCC@North Macedonia (hpc.mk) и следете нѐ на https://www.facebook.com/EuroCCMK .

Со почит,

Сојуз на стопански комори на Македонија и Национален центар за HPC компетеции на РСН

Leave your thought here

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Select the fields to be shown. Others will be hidden. Drag and drop to rearrange the order.
  • Image
  • SKU
  • Rating
  • Price
  • Stock
  • Availability
  • Add to cart
  • Description
  • Content
  • Weight
  • Dimensions
  • Additional information
  • Attributes
  • Custom attributes
  • Custom fields
Compare
Wishlist 0
Open wishlist page Continue shopping