joseph-greve-D_1-g2eLho8-unsplash

GPUs во ML (OpenCV, CuPy, Rapids)

About The Event

Презентер: м-р Бојан Илијоски

Содржина:
Брзината на обработката на податоците има значајна улога во процесите на податочно рударење и машинско учење. Растот на податоците, посебно на big data индустријата, допринесе за развој и еволуција на техниките и методите. Оваа модернизација, предизвикана од се поголемата побарувачка, предизвика раст на трендот на стратегии за користење на графички процесори.

Проблемите со кои се соочуваa индустријата за big data генерално се однесуваат на обемот, брзината и разновидноста на податоците. Но, со примената на графички процесори овие проблеми можат значајно да се намалат. Ова посебно е битно кај длабоките невронски мрежи, но од голема полза е и во обработката на слика и во data science.

Во рамките на ова предавање ќе се осврнеме на три библиотеки кои го овозможуваат користењето на GPU во машинско учење и data science. Предавањето е поделено е на два дела, во привиот дел ќе зборувам за користењето на OpenCV и CuPy библиотеките, во обработката на слика, т.е. попрецизно во image augmentations. Во вториот ќе биде претставена Rapids библиотеката која овозможува целосно извршување на data scince pipelines на GPUs

Линк до настанот:

https://www.meetup.com/hpc-meetup

.

Leave your thought here

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *