Registrations have closed.
Pitch.Match.Grow. vol.2

Pitch.Match.Grow. vol.2

by
783 783 people viewed this event.

Почитувани,

Pitch.Match.Grow. vol.2 доаѓа наскоро! 

На 15-ти и 16-ти март, стартап конференцијата по втор пат ќе ги поврзе претприемачите, инвеститорите, компаниите, донаторите и организациите за поддршка на екосистемот од регионот.

Задоволство ни е да ве поканиме да се придружите на настанот и да бидете дел од приказната што ги обединува креативните и иновативните умови, од студенти до успешни претприемачи и компании.

Pitch.Match.Grow. е стартап настан каде што имаме за цел учесниците да добијат корисни информации од прва рака и #StraightToThePoint насоки за нивниот развој и раст.

Ние тежнееме да го постигнеме ова преку информативни, утилитарни и интересни панели, интерактивни работилници, активности каде експерти го споделуваат своето искуство и знаење и можности за вмрежување кои можат да помогнат нивниот бизнис да се поттикне до нови височини.

Зошто да ни се придружите на Pitch.Match.Grow vol.2?

Ви ветуваме настан на кој ќе запознаете потенцијални млади таленти, многу студенти од 4та година студии како млада и потенцијална движечка сила во развојот, која крие ентузијазам и желба за нови работни предизвици. 

Дополнително, во време на многу можности и брзи промени, ви нудиме шанса да учествувате во работилниците за задржување таленти.

Што е најважно, ќе се збогатите со нови контакти и ќе ги проширите врските.

Брошура за партнерство
Агенда на конференцијата

Вие и/или вашите колеги можете да се регистрирате на следниот линк:

На следниот линк може да го погледнете видеото од минатиoт настан.

Ако имате какви било прашања, не двоумете се да нè контактирате.

Се надеваме дека ќе се видиме на конференцијата!

Со почит, PwC Северна Македонија

 

Date And Time

15-03-23 to
16-03-23
 

Location

Share With Friends