Како вашата компанија (SME) може да добие GPU ресурси во вредност од 50.000 евра потполно бесплатно?
ноември 5, 2026 2026-11-06 13:12Како вашата компанија (SME) може да добие GPU ресурси во вредност од 50.000 евра потполно бесплатно?
Сè што треба да знаете за успешно аплицирање откриваме на оваа практична обука:
📅 12.11.2026 (четврток), во 18:00 часот
📍 Голем амфитеатар на ФИНКИ
🎟️ Бесплатно учество со задолжителна регистрација
🔗 Подготовка на успешни апликации за FFplus и EuroHPC повици: https://lnkd.in/eW8HTWWx
Развивате решение и работите со големи податоци или ви се потребни моќни GPU ресурси за симулации и истражување? Дознајте како да подготвите апликација за финансиска поддршка преку FFplus или за пристап до европските суперкомпјутери преку EuroHPC JU.
🎯 Обуката е наменета за мали и средни претпријатија, стартапи и академски и истражувачки тимови кои сакаат да ги искористат можностите на пресметувањето со високи перформанси, анализата на големи податоци и вештачката интелигенција.