Серија семинари на EuroCC4SEE – „5 перспективи: Вештачка интелигенција и нејзината примена во различни области“

Серија семинари на EuroCC4SEE – „5 перспективи: Вештачка интелигенција и нејзината примена во различни области“

by
48 48 people viewed this event.

Како дел од проектот EuroCC4SEE, пет држави – Турција, Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Босна и Херцеговина – здружија сили за да претстават интересна онлајн серија семинари со наслов:

5 перспективи: Вештачка интелигенција и нејзината примена во различни области“

Во оваа серија, секоја држава ќе биде домаќин на посебна сесија во која ќе се истражува како Вештачката Интелигенција (ВИ) се поврзува со различни научни или индустриски области. Семинарите се наменети за споделување знаење, поттикнување соработка и вклучување на академската заедница и применетите истражувања во рамки на EuroHPC екосистемот.

📅 Серијата се одвива од 20 мај до 22 јули 2025 година, со нов семинар отприлика на секои две недели. Сите семинари ќе се одржат онлајн преку Zoom.

Распоред на семинари и страници за регистрација

· 🇹🇷 NCC Турција – ВИ и нејзината улога во политиката и дипломатијата

20 мај 2025, 13:00 CET

· 🇲🇪 NCC Црна Гора – ВИ и биомаркери на стареење

27 мај 2025, 14:00 CET

· 🇷🇸 NCC Србија – ВИ и компјутерски општествени науки

10 јуни 2025, 14:00 CET

· 🇧🇦 NCC Босна и Херцеговина – ВИ и здравство

24 јуни 2025, 14:00 CET

· 🇲🇰 NCC Северна Македонија – ВИ и генетика

8 јули 2025, 14:00 CET

· 🇲🇪 NCC Црна Гора – ВИ и прецизно земјоделство

22 јули 2025, 14:00 CET

📢  Кој треба да присуствува?

Оваа серија семинари е отворена за:
• Истражувачи и студенти заинтересирани за примена на вештачка интелигенција (ВИ)
• Стручњаци за High-Performance Computing и развивачи на ВИ
• Претставници од индустријата кои бараат увид во применета ВИ
• Членови на заедницата на EuroHPC и националните компетентни центри (NCC) низ Европа

Правила за учество:

Право на учество имаат лица кои живеат и работат во земји учеснички во EuroHPC JU.
🔗 Повеќе информации

👉 Ве молиме имајте предвид дека при регистрација се прифаќаат само официјални е-поштенски адреси (институционални или универзитетски адреси со наставка „.edu“).
Лични или општи адреси (како Gmail, Hotmail, Yahoo и слично) нема да бидат прифатени.

Благодарност:

Настанот е поддржан од проектите EuroCC 2 и EuroCC4SEE, кои се финансирани од European High-Performance Computing Joint Undertaking (JU), согласно договорите за грант бр. 101101903 и бр. 101191697. Поддржано од програмата Digital Europe и следните држави: Германија, Бугарија, Австрија, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Литванија, Латвија, Полска, Португалија, Романија, Словенија, Шпанија, Шведска, Франција, Холандија, Белгија, Луксембург, Словачка, Норвешка, Турција, Република Северна Македонија, Исланд, Црна Гора и Србија.

Повеќе информации: https://indico.truba.gov.tr

To register for this event please visit the following URL: https://indico.truba.gov.tr/event/217/ →

 

Date And Time

20-05-25 @ 14:00 to
22-07-25 @ 15:00
 

Location

Online event

Share With Friends