AI in education and science

AI in education and science

by
18 18 people viewed this event.

👉 На 26.02.2024 година во Ректоратот на hashtag#УКИМ се одржа настанот „Вештачката интелигенција во образованието и науката“.
🙌 Како општествено одговорен универзитет, каде што се креираат 90% од севкупните научни и иновативни резултати во државата, УКИМ прв ја започна оваа дебата на темата вештачката интелигенција во високото образование и наука, под лидерство на ректорката проф. д-р Биљана Ангелова.
🙌 Пред повеќе од 130 присутни професори, се дадоа одговори на прашања околу користењето на вештачката интелигенција во процесот на високо образование и наука. Од генерирање текстови, до употреба при реализација на секојдневни административни работи, па се до прашањата кои се однесуваат на универзитетските вредности и етичките димензии, но и што значи овој нов однос помеѓу луѓето и машините.
👉 Настанот го отвори ректорката на УКИМ, проф. д-р Biljana Angelova, која истакна дека како Универзитет, мора храбро да го прифаќаме и соодветно да одговараме на темпото на развој и промените кои се случуваат во високото образование, науката и технолошкиот развој во светот, што претставува дел од нашиот континуиран развој.
👉 Модератор на настанот беше проректорката за наука на УКИМ, проф. д-р Valentina Gecevska, која истакна дека во услови кога вештачката интелигенција, со нејзините cutting edge технологии и генеративни модели, нуди можности за развој на сите сегменти од општественото живеење, универзитетите во светот се поставени пред предизвик. УКИМ настојува да биде во чекор со времето.
👉 По презентациите на професорите Gjorgji Madjarov Eftim Zdravevski Petre Lameski Riste Stojanov, присутните имаа можност да поставуваат прашања. Заеднички заклучок беше дека и во следниот период ќе се работи на ова тема, при што беа најавени неколку проекти на ниво на УКИМ.

More info: https://www.linkedin.com

To register for this event please visit the following URL:

 

Date And Time

26-02-24 to
26-02-24

Share With Friends