5 перспективи: Вештачката Интелигенција и Генетика
мај 27, 2025 2025-05-27 16:09
5 перспективи: Вештачката Интелигенција и Генетика
Тема: Оваа сесија го истражува пресекот на вештачката интелигенција и геномиката, со посебен фокус на примена на основни (foundation) модели во анализата на генетски, епигенетски и мулти-омички податоци. Сесијата има за цел да прикаже нови достигнувања и практични имплементации на ВИ во животните науки, и најверојатно ќе вклучи и придонеси од индустриски експерт претставник на мало или средно претпријатие.
Предавач: Ѓорѓи Маџаров
Правила за учество:
Право на учество имаат лица кои живеат и работат во земји учеснички во EuroHPC JU.
🔗 Повеќе информации
👉 Ве молиме имајте предвид дека при регистрација се прифаќаат само официјални е-поштенски адреси (институционални или универзитетски адреси со наставка „.edu“).
Лични или општи адреси (како Gmail, Hotmail, Yahoo и слично) нема да бидат прифатени.
Благодарност:
Настанот е поддржан од проектите EuroCC 2 и EuroCC4SEE, кои се финансирани од European High-Performance Computing Joint Undertaking (JU), согласно договорите за грант бр. 101101903 и бр. 101191697. Поддржано од програмата Digital Europe и следните држави: Германија, Бугарија, Австрија, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Литванија, Латвија, Полска, Португалија, Романија, Словенија, Шпанија, Шведска, Франција, Холандија, Белгија, Луксембург, Словачка, Норвешка, Турција, Република Северна Македонија, Исланд, Црна Гора и Србија.
Повеќе информации: https://indico.truba.gov.tr