Организација

Организација

Кои сме ние? 

Logo

Description automatically generated
Home
A picture containing text

Description automatically generated

Република Северна Македонија е една од земјите учеснички во EuroCC проектот, чија основна цел е воспоставување на Национален центар за компетенции за HPC, HPDA и AI, како и зголемување на свесноста и примената на овие технологии во работењето на различни ентитети од индустријата, академијата и јавната администрација. 

Партнери за воспоставување на Националниот центар за компетентност за HPC (High Performance Computing) во Северна Македонија се: Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)Infinite Solutions и Деловно-технолошки акцелератор УКИМ ДОО Скопје (БАУ)


ФИНКИ 

Како водечки партнер на конзорциумот, ФИНКИ е одговорен за задачите 32.1: Национален центар за компетенции – „Менаџмент“, 32.2: „Обука и развој на вештини“, 32.5: „Мапирање на технички компетенции за HPC/Big Data/AI “, 32.6:„ Олеснување на пристапот до системите, научната и техничката експертиза и базите на знаење “, како и за поддршка на сите други задачи во проектот. 

Дознајте повеќе за ФИНКИ на www.finki.ukim.mk 


Инфините Солутионс 

Инфините Солутионс е македонска компанија за информатичка и комуникациска технологија, специјализирана за дизајнирање, развој и имплементација на сеопфатни софтверски решенија, како и системска интеграција во различни специјализирани подрачја, како што се: телекомуникации, финансии, државна администрација, образование, здравство, индустрија, и други, која обезбедува врвни услуги и производи за потребите на своите клиенти. 

Производите и услугите кои ги нуди Инфините Солутионс им обезбедуваат на клиентите навремен пристап до најновите технолошки решенија како на подрачјето на хардверот, така и на подрачјето на софтверот. 

Инфините е компанија ориентирана кон Microsoft, следејќи ги најдобрите и најновите технологии на пазарот. Тимот на Инфините Солутионс се состои од искусни ИТ професионалци, кои се целосно посветени на своите клиенти, помагајќи им да се соочат со предизвиците на модерното време и живеење.   

Како еден од партнерите во проектот, Инфините Солутионс е одговорен за задачите 32.4 – „Соработка со индустријата“ и 32.7 – „Креирање на свесност и соработка“, но учествува и во  задачите 32.1 „Менаџмент“, 32.2 „Обука и развој на вештини“, 32. 3 „Трансфер на технологија / развој на бизнис“. 

Дознајте повеќе за Инфините Солутионс на www.infinite.com.mk 


Деловно-технолошки акцелератор УКИМ – БАУ

Деловно-технолошки акцелератор УКИМ ДОО Скопје (БАУ) е првиот македонски бизнис-технолошки акцелератор, основан во 2018 година во партнерство помеѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), институции од приватниот сектор и фондации. Потпирајќи се на академската експертиза на УКИМ и своите коосновачи, БАУ го поттикнува развојот на иновациите, обезбедувајќи поддршка за стартапи, компании во фаза на раст (scale-ups) и универзитетски spin-off компании во комерцијализацијата на нивните истражувања и понатамошниот развој.

Од своето основање, БАУ има реализирано повеќе од 15 програми за акцелерација и инкубација, поддржано над 150 претприемачки тимови во области како што се deep tech, мобилност, циркуларна економија, здравство, енергетика и производство, како и евалуирано повеќе од 400 иновативни идеи.

БАУ им обезбедува на иноваторите сеопфатна поддршка преку програми за развој на бизнис, кои опфаќаат развој на производи и услуги, пристап до пазари и вмрежување, надополнети со директна поддршка за пристап до финансии преку идентификација на национални и европски можности за финансирање. Од 2023 година, како официјален Хаб на Европскиот институт за иновација и технологија (ЕИТ) за РС. Македонија, БАУ претставува главна врска помеѓу локалните иноватори и заедницата на ЕИТ, помагајќи им на тимовите да пристапат до ЕИТ програми и финансирање, како и да формираат конзорциуми за ЕИТ повици. Преку оваа улога, македонските иноватори досега обезбедија повеќе од 1,1 милион евра грантови од ЕИТ.

Како еден од проектните партнери, БАУ го предводи Работниот пакет 25.2 „ Информирање и вмрежување“, а исто така ќе учествува и во Работниот пакет 25.5 „Обезбедување обуки за ХПЦ“.

Повеќе информации за БАУ се достапни на bauaccelerator.com.