HPCmk_EuroCC_2ndEvent-05

HPC.MK и Соработка со индустријата

About The Event

Online: Teams

Почитувани, 

Ни претставува особена чест да Ве поканиме на вториот виртуелен настан организиран во рамките на проектот EuroCC – Национални Центри за Компетенции за Процесирање со Високи Перформанси под наслов „Соработка со индустријата“. Организатори на настанот се ФИНКИ при УКИМ, Инфините Солутионс и New Mans Business Accelerator, како партнери во имплементацијата на EuroCC проектот. 

На настанот ќе бидат претставени: 

  1. Досегашните активностите на проектот; 
  1. Можностите за соработка со домашната индустрија, владините и невладините институции; 
  1. Придобивките од отстварената соработка. 

Дополнително, Ви доставуваме и краток документ со повеќе информации за проектот, како и главните придобивки од вклучување во истиот за сите заинтересирани ентитети од индустријата, академијата и јавната администрација. 

Како дел од настанот, ќе имате можност да го проследите и излагањето на претставник од Италијанската фирма Ergolines кој ќе го сподели своето искуство со HPC технологиите преку практичен пример (use case). Ergolines е светски лидер во производство на производи што се користат при производството на специјални челици, вклучувајќи специјални инструменти за континуирано леење на челик каде е клучно да се спречи пренесувањето на нечистотии во материјалот што се лее. За да се изработи прецизен мониторинг систем кој ќе го превенира ова потребни се презицни симулации што можат да се направат само со користење на HPC.  

Истовремено, Ве покануваме да го пополните Прашалникот за мапирање на техничките компетенции за Процесирање со високи перформанси (HPC), Анализа на податоци со високи перформанси (HPDA) и Вештачка интелигенција (AI), кој е достапен на следниот линк: Мапирање на HPC/Big Data/AI технички компетенции (google.com). Целта на прашалникот е да ги идентификува областите на експертиза, знаење и примена на HPC, HPDA и AI од страна на индустријата и институциите. 


АГЕНДА
13:00 – 13:15 Воспоставување на EuroCC Центар за процесирање со високи перформанси, Проф. Д-р Боро Јакимовски ФИНКИ, УКИМ
13:15 – 13:25 Мапирање на технички компетенции за HPC/Big Data/AI, Проф. Д-р Ивица Димитровски, ФИНКИ, УКИМ
13:25 – 13:40 HPC use case од Металната индустрија – предизвици и можности, Andrea Santoro, CAE Specialist, Ergolines
13:40 – 13:50 Причини за интересот за вклучување во проектот – почетно искуство Никола Соколов, Influencers Club
13:50 – 14:00 Прашања и одговори – Тимовите на EuroCC, Ergolines и Influencers.club


На следниот ЛИНК може да го пријавите вашето присуство.  Следете го настанот преку следниот ЛИНК

За повеќе информации за проектот, како и детална агенда за настанот, посетете ја нашата веб локација: EuroCC@North Macedonia (hpc.mk) и следете нѐ на https://www.facebook.com/EuroCCMK . 

Со почит, 

Национален центар за HPC компетеции на РСН